ОФИЦИЈАЛНО: ГОДИНАВА НЕМА “ПИВО ФЕСТ” ВО ПРИЛЕП

Дваесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, кој беше предвидено да се одржи од 13-16 јули, сепак нема да се одржи.

Организацијата на фестивалот изминатите недели предизвика голем број полемики во јавноста, па се наговестуваше ваков развој на настаните.

Во официјалното соопштение од на Фејсбук страната од фестивалот, која се користеше минатата година, стои дека 20-то издание на “Пиво Фест” се одлага за следната 2024 година, со нова локација и нов концепт.

-Прилепчани и пошироката јавност. Сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на ,,ПИВО ФЕСТ,, Прилеп 2023 се одлага за следната 2024 год, со нова локација, концепт и содржина на програмата. Образложение; На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука, ,,ПИВО ФЕСТ ,, Прилеп 2023, дека нема да се подржи и одржи. Додека пак советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06. 2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2023 Прилеп. ( Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се подржи и одржи фестивалот?? ) За жал оваа седница е доцна одржана и одлуката за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот е ПРЕДОЦНА донесена. Со оглед на навремено поднесените барања од страна на Фестивалот на 17.11. 2022 и во Април 2023 до Општината за организација и локација на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2023 сеуште нема официјално известување до Фестивалот до ден денес. Со оглед на сите овие горе наведени причини ,,ПИВО ФЕСТ ,, Прилеп 2023 год. спречен е да се одржи. Се извинуваме до Прилепчани и пошироката јавност, се гледаме во 2024 со нова локација, нов концепт и нова програма на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2024, ВЕ ОСТАВАМЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ. Со почит Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара ,, Пиво Фест ,, од 2003 Прилеп – напишаа на “ПИВО ФЕСТ”

Инаку, фестивалот пред извесно време беше најавен и од македонскиот шоумен Игор Џамбазов, кој беше водител на манифестацијата минатата година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.