ОФИЦИЈАЛНО: Антонио Шемкоски пристигна во ФК Големо Коњари!

Ново засилување на голот! Големо Коњари го доби она што му недостасуваше – сигурен, млад и мотивиран голман

По доаѓањето на Зоран Даноски, од денеска и Антонио Шемкоски, 20-годишниот чувар на мрежата, стана дел од новиот второлигаш ФК Големо Коњари.

Со искуство во Првата, Втората и Третата македонска лига, како и настапи за клубови како Победа и Кожуф, сега доаѓа да даде сè за дресот на Големо Коњари.

Антонио Шемкоски започнал да се истакнува во младинските категории на ФК Победа, а потоа преминал во сениорскиот фудбал.

Во младинските категории со екипата на Победа беше дел од шампионската генерациа 22/23. Шемкоски исто така е дел од генерацијата која
се натпреваруваше во младинската Лига на шампиони.

Во сезоната 2022/23, Шемкоски на 18 години забележува два настапи за ФК Победа во Првата македонска фудбалска лига, играјќи вкупно 180
минути.

Во натпреварите за ФК Победа, Шемкоски има забележано неколку настапи, вклучуваіки и учество во натпревари од Купот на Македонија и Втората македонска фудбалска лига.

Неговата посветеност и талент му овозможиле да се приклучи на ФК Кожув од Гевгелија, каде што поради сплет на околности се враќа во Прилеп, каде што продолжува да се развива како професионален голман.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.