Официјален почеток на изградбата на пречистителната станица за отпадни води за општина Битола

Во општина Битола, вчера беше одржан состанок, со кој се означи почетокот на реализацијата на проектот за изградба на пречистителната
станица за отпадни води. Во присуство на претставници на Министерството за животна средина, Министерството за финансии, изведувачот на
пречистителната станица конзорциумот Лантаниа-Стентон градба-Карканиас, избраниот надзор- фирмата Ептиса, претставници на КЈП „Нискоградба“ и претставници на општинската администрација, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, посочи дека овој стратешки еколошки проект е многу значаен чекор кон заштитата на животната средина.

Основната цел на проектот е да се подобри инфраструктурата за собирање и третман на комунални отпадни води, во согласност со директивата за
третман на отпадни води и националниот закон. Според договорот, времетраењето на градба е 2 години и една година гарантен период.

Со помош на ЕУ, се гради одржлив систем за отпадни води за идните генерации, преку инвестирање во чиста вода и зелени решенија што ќе
обликуваат поздрава и поодржлива иднина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.