ОУ „Добре Јованоски“ наскоро со нова сала

1

ОУ „Добре Јованоски“ наскоро ќе добие нова спортска сала која наскоро ќе биде готова и со тоа градот Прилеп ќе ја добе четвртата спортска сала. Градоначалникот Марјан Ристески кој беше во посета на овa училиштe истакна дека општината и понатаму продолжува да инвестира во подобрување на условите во обрзаованието. Изградбата на спортската сала е дел од проектот за изградба на 145 училишни сали и проектот за изградба на 35 големи спортски сали чија основна цел е да се изградат сали во секое училиште кое не располага со ваков објект.
Исто така големи фискултурни сали со трибини треба да добијат основните училишта: „Блаже Конески“, „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски Јане“. Салите ќе можат да ги користат околу 6.000 ученици, а по пропишаните услови ќе бидат на располагање и на спортските клубови и граѓаните.

2 3 4 5 6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.