ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп меѓу најквалитетните училишта во Македонија

Државниот просветен инспекторат (ДПИ) при Министерството за образование и наука, веќе седум години го оценува квалитетот на училиштата во Македонија. Тоа се прави преку интегралната евалуација, а оценката на секое училиште се дава со темелна проверка на седум подрачја: наставни планови и програми, постигања на учениците, учење и настава, поддршка на учениците, училишна клима, ресурси и управување, како и раководењето со училиштето.

prilepskoskoloo

Во текот на учебната 2014/15 од страна на Државен просветен инспекторат (ДПИ) извршена е 161 интегрална евалуација, а притоа оценети со највисока оцена се училиштата: „Љубен Лапе“ во Аеродром, „Гоце Делчев“ во Прилеп, „Браќа Миладиновци“ во село Миладиновци, „Наум Охридски” во село Булачани, Гази Баба, потоа „Кирил и Методиј“ во Велес, „Методи Патче“ во Охрид, „Ристо Јурков“ во Кочани како и училиштето „Партенија Зографски” во Скопје – информираат во ДПИ.

Токму по овој повод градоначалникот Марјан Ристески и советникот за образование Марјан Матракоски, го посетија ОУ „Гоце Делчев“ и им честитаа на вработените и на директорот посочувајќи дека со нивната заложба и труд кој несебично го вложуваат во образобниот процес, се постигнуваат вистински резултати. Градоначалникот Ристески им посака многу успеси и во иднина, а училиштето и вработените добија подарок од општина Прилеп.

Директорот на основното училиште Трајче Караилоски посочи дека, при интегралната евалуација како силни страни костатирани се: зголемена примена на ИКТ во наставата, што е резултат на проектот,,Компјутер за секое дете”, потоа зголемен број на ученици кои учествуваат на натпревари организирани од акредитирани здруженија, а зголемена е и реализацијата на часови по физичко воспитување, што според инспекторите, е одраз на изградбата на спортски сали и опремувањето со спротски реквизити.

Училишта со највисока оценка:

1. OOУ„Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје
2. ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
3. ОУ „Браќа Миладиновци“ – с. Миладиновци, Илинден
4. ОУ „Наум Охридски” – с. Булачани, Гази Баба
5. ОУ „Кирил и Методиј“ – Велес
6. ОМУ „Методи Патче“ – Охрид
7. ОМУ„Ристо Јурков“ – Кочани
8. ДУЦОР „Партенија Зографски” – Скопје

111

222

333




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.