Полициските власти забранија капење на повеќе од 50 плажи на Балтичкото море, бидејќи топлото време довело до зголемување на токсичните бактерии во морската вода.
Известувањата и спасувачите порачуваат, туристите на плажите да не влегуваат во море, каде се намножиле зелено-смеѓи цијанобактерии, кои претставуваат закана по здравјето.
Регионалните здравствени власти издале предупредување во кое се наведува дека бактериите може да предизвикаат алергија и осип.
No day at the beach as toxic algae hit Baltic coast https://t.co/m1URspYny8 via @physorg_com #toxic #algae #spreads #poland
— Nate Hurtsmet (@MethaneTrust) July 26, 2018