Силните владини заложби за помош и поддршка на земјоделците покажуваат одлични резултати.
Целиот произведен тутун беше откупен, па во моментов се откупени околу 20.000 тони.
Просечната цена на задоволство на тутунопроизводителите е 186 денари, а тие добиваат и дополнителни 60 денари државни субвенции за секој откупен килограм. Збирно, тутунарите во Македонија добиваат по 4 евра за килограм тутун.
Експертите во оваа област велат дека тоа е добар стимул кој ги задоволува потребите и барањата на тутунарите. Сметаат дека ова е одлична цена која драстично се разликува од периодот пред 10 години кога имаше редовен проблем со откупот, а тутунопроизводителите не земаа ниту денар субвенција.
Во периодот што следува, според најавите, ќе се продолжи со исплата на субвенциите.
Досега се исплатени 10 милиони евра за произведувачите на тутун кои го предадоа истиот до 15-ти јануари годинава. Сега следува исплата на уште 500 милиони денари субнеции за тутунопроизводителите кои својот род го предадоа до крајот на откупот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при вчерашната посетана Ресен истакна дека земјоделците од преспанскиот регион имаат добиено девет милиони евра субвенции.
Тој додаде дека само за овоштарите се исплатени 7,3 милиони евра, а од декември лани до денес на овоштарите во земјава им се исплатени 4,3 милиони евра.
– Покрај исплатата за лица кои имаат овошни насади, веќе оваа недела се очекува во трезорот на Министерството за финансии да пристигнат исплатите за тутунот, што е предаден после 16-ти јануари. При крајот на оваа недела и на почетокот од следната ќе започне исплата на 500 милиони денари за тутунарите за нивниот род, односно предадениот тутун по 16-ти јануари, најави Груевски.