” Не сум претерано импресиониран од успехот кој го остваруваме како цивилизација, па подготвен сум да размислувам дека не сме единствената точка во оваа вселена или дека сме највисоко ниво на ментален и физички развој кое некогаш се појавило…”, напишал Винстон Черчил во својот есеј “Дали сме сами во вселената”, кој е неодамна откриен.
Не станува збор за непознато дело, туку за дело кое е заборавено во текот на времето и сега повторно е откриено на јавноста.
Овој текст е напишан на 16 октомври 1939 година, месеци и половина откако В.Британија и објавила војна на Германија, значи точно во време кога започнала Втора светска војна, Черчил се занимавал со теории и докази за постоење на вонземјани.
Текстот дополнително потврдува колку Черчил бил заинтересиран за науката и нејзиното популаризирање.
Ф.Г.