Градежни работници во Кина откриле фосили од древно животно. Тие за малку ќе ги уништеле со динамит, пренесува CNN.
Фосилизираните остатоци се откриени откако биле изведувани градежни активности во градот Ганзоу. Работниците се обидувале да отстранат голем камен со динамит и ги откриле остатоците.
Наречен ” Tongtianlong limosus”, овој диносаур е антички предок на денешните птици. Се смета дека остатоците од диносаурот се стари меѓу 66 и 72 милиони години.
Ф.Г.