Откриена нова чудесна планета: Има пет пати поголема маса од Земјата, а научниците најмногу се изненадени од нејзиниот состав

Астрономите открија нова планета надвор од нашиот соларен систем во соѕвездието Касиопеја.

Планетата означена како HD219134 оддалечена е 21 светлосна година од Земјата, а има 5 пати поголема маса од нашата планета. Поради тоа научниците ја нарекоа “Суперземја”.

Научниците најмногу се заинтересирани за составот на оваа планета. Богата е со калциум и алуминиум, како и магнезиум.

“Планетата свети црвено и сино како рубин и сафир. Тоа е поради оксидите на алуминиум кои на оваа планета се чести”, изјави Каролин Дорн, астрофизичарка од Универзитетот во Цирих.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.