Адолф Хитлер е одговорен за смртта на повеќе од 10 милиони луѓе за време на Втората Светска Војна или за она што е познато како Холокауст, систематско уништување на евреите од страна на нацистичкиот режим.
Хитлер се потрудил да воспостави ариевска идеологија за време на најопасната и најкрвавата војна во историјата на човештвото. Тој верувал дека единствено ариевската раса треба да владее со светот, а другите раси како евреите, русите, словените ги гледал како инфериорни.
За време на Втората Светска војна Хитлер направил неколку “логори на смртта” во кои биле убиени околу 6 милиони евреи, од кои 1.5 милиони биле деца, како и 5 милиони останати раси, што го чини вкупниот број од околу 11 милиони човечки животи.
Археолозите долго време по војната ги истражувале локалитетите во потрага по изгубени предмети и тајни.
Тие пронашле остатоци кои биле закопувани по затворањето на логорите. Еден од тие локалитети е и Собибор во Полска каде се убиени повеќе од 250.000 луѓе.
Јорим Хаими истражувал во последниве 8 години и открил логор на смртта со мрачна тајна.
Тој открил остатоци од четири гасни комори од кои секои со димензии 16 × 23 метри во кои биле убивани по 100 луѓе од еднаш.
Пронајдени се многу лични предмети на луѓето кои ги изгубиле своите животи на ова место, како што се бурми, медицински кутии и прибор за храна.
По звршувањето на војната, нацистите се обиделе да ги уништат доказите дека логорот воопшто постоел.
Собибор е еден од трите логори на смртта изградени под кодното име “Операција Рајнхарт”. За разлика од Аушвиц, жртвите биле убивани истиот момент кога биле донесени.
МАРКУКУЛЕ.МК