Откако цените стигнаа до плафон: Владата ќе ги замpзне цените на брашното, шеќерот, маслото, а можеби и месото

Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи, пред сѐ – брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото.

Ова го навестува министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, која ќе се емитува вечерва.

Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе соседна Србија.

Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.