После успешно завршена сезона во Супер лигата, РК Прилеп започна со креирање на костурот на екипата за наредната натпреварувачка сезона.
Прилепчани завршија на третото место во плеј-аут разигрувањето и обезбедија опстанок во најелитното ракометно друштво и идната сезона.
Раководството на клубот не чекаше долго, па веднаш почна со работа за креирање на тимот за идната натпреварувачка сезона. Откако Давор Шокоски и Грузиецот Мириани Гавашелишвили го напуштија клубот, па прва соработка која ја договори клубот е со пикерот Томче Трајчевски, кој од екипата на Радовиш ги засили редовите на прилепчани.
-Се работи на уште неколку засилувања, за конечно комплетирање на тимот за следната сезона – велат од клубот.