Во новиот учебник во Историја за петто одделение забележани се многу грешки. Според него највисокиот светски врв Монт Еверест е висок 29.305 метри, а Македонија на исток се граничи со Албанија, додека на запад со Бугарија?!
Откако синоќа на социјалните мрежи се појавија неколку лапсуси со кардинални грешки во новиот учебник по Историја и општество за петто одделение, како на ппимер, дека највисокиот врв на светот Монт Еверест е висок 29 305 метри, наместо реалните 8 849 метри, денеска на повидок е нова географска грешка во истиот учебник.
Во Тема 2 – „Населението и континентите“, во делот каде што се опишуваат географските карактеристики на Македонија, наведено е дека земјава на исток се граничи со Република Албанија, а на запад со Република Бугарија
Станува збор за новиот учебник по Историја и општество, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН.
Во истиот овој учебник, на учениците им се нуди информација дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29 305 метри.