Ѓорги Танушев е првото засилување за Академија Пандев. Танушев е струмичко дете, а минатата сезона настапуваше за екипата на Победа и ќе биде одлично освежување во средниот ред.
Покрај Танушев, во сениорскиот тим се вратени и Кристијан Велиновски кој беше позајмен во Брегалница, како и Емир Скендери кој беше пратен на позајмица во Кожуф.
Академија Пандев изминатата сезона заврши на третата позиција во Првата лига и го освои Купот на Македонија.
Засилувањето Ѓорѓи Танушев сезонава за Победа имаше 22 настапи на кои постигна 6 голови.
Последните 10 натпревари, Танушев беше надвор од составот на Победа.