“На денот на Преображението, светлоста таворска нека ги преобрази нашите умови, нашите срца, нашите души.
Да ги осветли ожалостените срца на вдовиците и сирачињата наши, на сиромасите, болните, изнемоштените …
На празникот Преображение да ги преобрази и нашите домови, нашиот град и нашата земја Македонија! Нека таворската светлост ги просветли и останатите луѓе и народи Божји на земјата.
Нека ја преобрази земјата, нивите, училиштата наши…
Се што работиме и градиме, се што е за добро на луѓето, за нашето вечно спасение!”, напиша Протоереј Љупче Петрески по повод денешниот голем христијански празник Господово Преображение.