Отворен Балкан гаранција дека ќе имаме доволно брашно, масло, шеќер и сол за цела зима

На дводневните работни средби на Отворен Балкан во Тирана, меѓувладини тимови од Македонија, Србија и Албанија, заедно со стопанските комори од трите земји работоеа на решенија за пребродувањето на енергетската криза, како и справувањето со можните ефекти од војната на Украина во недостатокот на храна.

Договорено е министерствата заедно со коморите да ги измапираат можностите за заеднички инвестиции во подобрување на инфраструктурата и капацитетите за производство на енергија, особено во обновливи извори на енергија. Исто така, ќе се стават на располагање сите суровини со кои трите земји располагаат за производство на електрична енергија.

Трите држави се согласија дека обезбедувањето на храна во услови на светска криза претставува предизвик и дека заради обезбедување на одржливост во снабдувањето со храна потребно е да се создадат посебни механизми на соработка помеѓу трите земји. Извозните забрани за определени производи на храна да не се однесуваат и за земјите од Отворен Балкан односно да имаат преференцијален третман.

Благодарение на Отворен Балкан, македонските и граѓаните на Албанија и Србија, зимава ќе бидат целосно обезбедени со потребните количини на брашно, масло, шеќер, сол и другите основни немирници.

Работните групи за брза реакција при катастрофи и несреќи се согласија дека секоја земја ќе делегира лице за контакт од својата земја за прв одговор при криза, кои ќе комуницираат редовно – ова ќе значи итна реакција од секоја земја за заштита на населението на земјите на Отворен Балкан без разлика каде се случува непогодата или несреќата. Дополнително, трите земји можат да бенифицираат од заеднички пристап при барањето средства и добивањето помош од достапните ЕУ фондови.

Трите земји работат на усогласување на системите за електронските идентификациски картички да можат без проблеми да функционираат во сите три земји. Ова е финална фаза пред укинување на работните дозволи меѓу трите држави.

Со овие картички граѓаните ќе имаат пристап до еден заеднички слободен пазар на труд и движење низ земјите на Отворен Балкан. На овој начин стануваме голем пазар од 12 милиони жители.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.