Отворена изложбата на талентираниот уметник Филип Цакоски од Прилеп (Фото)

Синоќа во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” беше отворена изложбата “Персона” од Филип Цакоски.

Младиот уметник на првата самостојна изложба во родниот град се претставува со 11 скулптури, преку кои се прикажуваат персони и сенките кои ги носат, а пораката е за воочување на скриеното во секого.

Изложбата ја отвори Филип Димкоски, поет, кој посочи дека поставката треба да се гледа како можност да се види личноста со својата посебност и своето достоинство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.