Според една научна студија, фетусот може да ја почувствува мајчината физиолошка состојба. Неродените бебиња добиваат сигнали преку вашето тело и душа, па ваша работа е да ги направите тие сигнали позитивни.
Според истата студија, ова се нештата во кои “уживаат” бебињата додека се наоѓаат во стомакот на мајката:
1.СЛАТКИ НЕШТА
Бебињата започнуваат да разликуваат вкусови во 13-15 недела од бременоста. Вашата амнионска течност има вкус како храната што ја јадете, а бебињата се хранат со тоа и се навикнуваат на различни вкусови.
Ако сакате вашето бебе во иднина “добро да јаде”, потребно е да се храните со здрава храна за време на бременоста. И знајте бебињата повеќе сакаат слатки нешта, бидејќи тоа ги предиспонира кон мајчиното млеко.
2.БАЊАЊЕ ВО ТОПЛА КУПКА
Кога бебињата се доволно пораснати и притискаат на мајчината стомачна кожа, можат да ги почувствуваат температурните промени. Затоа бањањето во жешка вода може да биде опасно. Од друга страна пак бањање во топла вода, влијае релаксирачки и на вас и на бебето.
3.Галење и нежно допирање на утробата
Рецепторите за допир кај вашето дете се развиваат околу осмата недела од бременоста, а околу дваесеттата недела бебињата се целосно способни да го почувствуваат вашиот допир однадвор. За време на овој период, тие уживаат во нежните допири на утробата.
Користете масло за масирање или креми за да го масирате стомакот со нежни движења.
4.Слушање на вашиот глас
Во 25-26 недела од бременоста, бебињата започнуваат да реагираат на гласовите кои ги слушаат од надворешноста на матката. Гласот на мајката е тој кој тие го слушаат најчисто, па затоа го препознаваат. Тоа им носи комфор и сигурност дека се’ е во ред. Одличен начин да го навикнете вашето бебе на вашиот глас е да читате гласно.
5.Слушање на музика
Mузиката за време на бременоста, за мајката тоа значи го произведува серотонинскиот хормон и го промовира ослободувањето на ендорфините, кои се пренесуваат и на бебето. За бебето, музиката ги стимулира сетилата и го подобрува развојот на мозокот.
Слушајте музика на соодветно ниво, добо е да отидете на некој класичен концерт, со цел да го научете детето на различни видови на звуци.
6.Лесни вежби
Клучот за да ги одберете вистинските вежби за време на бременоста е следниот: треба да бидат безбедни, соодветни и дозволени од доктор. Кардиот вежбите се најдобар начин на активност за време на овој период. Срцето на бебињата на ваков начин подобро се развива, а тие се многу посилни доколку нивната мајка прави редовни вежби.
7.Периодот додека одмарате
Периодот додека одмарате всушност е период за забава на бебињата. Во тоа време тие пробуваат нови движења. Таквото нешто не трае долго, па ќе имате време добро да се одморите. Кон крајот на бременоста, бебето ќе ве буди од спиење на секои 70-90 минути.
8.Смеењето на мајката
Ултразвуците покажале дека фетусот се тресе горе долу кога мајката се смее. Тоа се случува поради контракциите на мускулите.
Хормоните за среќа, кои се ослободуваат кога се чувствувате одлично и уживате во себе, директно ги користат и бебињата. Затоа создадете што е можно повеќе позитивни моменти.