Осум медали и титула ДРЖАВЕН ПРВАК: Прилепските бокceри од “АС” растурија на Државното првенство, а од нивните бopби боли глава (ВИДЕО)

На 28-то Државно првенство во бокс на Македонија кое што се одржа на 08 и 09 октомври 2022 година, во Арената “Борис Трајковски” во Скопје, боксерскиот клуб “АС” од Прилеп освои 8 медали: еден златен, четири сребрени и три бронзени медали.

Матеј Чатлески освои злато, Теодор Тошески, Максим Стојаноски, Марко Петрески како и Демир Демиров освоија сребрени медали, додека пак бронзата припадна во рацете на Стефан Иваноски, Николче Соколоски и Мануел Абдуловски.

Матеј Чатлески по втор пат беше прогласен за државен првак на Македонија.

Како тренер и менаџер на нашите боксери спортисти сум многу задоволен од досегашните успеси, а особено на Државното првенство. Нашите боксери се едуцирани од наша страна, а имаат и големо срце во рингот. Ова е голем успех на нашите спортисти, за нас тренерите и клубот, но најгомем успех направивме за Прилеп и Македонија. Имавме две атрактивни борби од страна на Матеј Чатлески и Демир Демиров, кои завршија со прекин во прва рунда. Марко Петрески покажа добра боксерска техника во рингот против двајца искусни боксери. Максим Стојаноски и Теодор Тошески покажаа рамноправни и добри борби. Дебитантите во рингот, Стефан Иваноски и Николче Соколоски, покажаа храбри и рамноправни борби против нивните противници. Мануел Абдуловски рамноправно се бореше против боксер од Скопје – истакна тренерот Дарко Чатлески.

-Морам да кажам дека оваа година сите од нашиот клуб сме победници, тренираме се поддржуваме и успеваме. Како носители на првото место во бокс лигата на Македонија, ќе го организираме четвртото коло во бокс на Македонија, кое ќе се одржи на 22.08.2022 во Прилеп во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески Ричко” – додаде Чатлески.

Во продолжение погледнете го хајлајтсот од борбите на прилепските боксери:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.