Осумгодишна прилепчанка трча маратони: Малата Јована од Прилеп се натпреваруваше на маратонот во Виена (Фото)

Oсумгодишната Јована Јованоска од OOУ “Кире Гаврилоски” од Прилеп, која е член на клубот “Златоврв”, зеде учество на 36-от по ред маратон во Виена и се пласираше со одличен резултат.

Јована која се натпреварувала во категорија од 12 до 18 години, маратонот успеала да го истрча за 37 минути.

Нејзин ментор е Талија Петреска, а ова беше дури трет маратон за малата Јована. Претходно малата прилепчанка трчаше на скопскиот “Wizzair” маратон, како и на прилепскиот маратон.

Покрај Јована, на маратонот во Виена се натпреваруваше и Илија Петрески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.