ОСУДИ ЗА СДСМ ОД СИТЕ СТРАНИ ! ! !

2

Вандализмот на СДСМ е на пат скапо да им наплати на граѓаните, поради немањето на здрав разум кај малкумината поддржувачи и немањето на свест за последиците кои би ги предизвикале.

Поради нередите во градот и секојдневното уништување на општествениот (заеднички) имот на сите граѓани, се поголем е стравот кај странските инвеститори во Прилеп, потенцијални и сегашни.

1

И домашните фирми кои планираат да ги прошируваат своите производствени капацитети во новите индустриски зони Прилеп 1 и Прилеп 2, ги преиспитуваат своите одлуки.

Ако во изминатиот период се направија напори и успешно започна да се реализира одново економското издигнување на Прилеп и намалување на невработеноста, сега СДСМ одново сака да го врати градот назад, на заборавот на времето, исто како што го оставија пред 10 години.

4

Ваквото дивеење веќе предизвикува ненадоместливи штети од кои страдаат сите граѓани, без разлика на сопственото убедување.

Граѓаните стравуваат за своите плати и пензии, додека пак земјоделците, а особено тутунопроизводителите се длабоко загрижени за иднината во исплатата на субвенциите.

Тоа е таа политика на деструктивност и гледање на сопствените интереси, која во минатото од Прилеп направи буквално црна дупка.

3

Сега кога се изгради Технолошко индустриската развојна зона во Алинци, и кога секојдневно доаѓаат потенцијални инвеститори, историјата се повторува, СДСМ од Прилеп повторно сака да направи град без иднина и перспектива.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.