Осуда за манијачењето и заканите на поранешните пратенички на СДСМ oд страна на синот на Фрчкоски

По вчерашниот текст на Курир со наслов „Еве зошто пратеничките Топузова и Грчева беа избркани од опозицијата“, во кој, меѓудругото, објавивме како синот на Љубомир Фрчкоски, Јон Фрчкоски на социјалните мрежи ја шиканира и омаловажува екс пратеничката Солза Грчева, реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат.

solza-640x373

Професорката Грчева, веднаш на својот Фејсбук профил излезе со став.

-Никогаш не сум постирала нешто од Курир, но сега морам. Погледнете како “демократот“ Јон Фрчкоски (синчето) ме нарекол на ФБ. Истото тоа дете, кое го направија советник во Општина Центар на 20 години. Имало и од лошо полошо. Окрупнување на опозицијата???, Никогаш. Само со фалширање. 5% да не им ги голташ ставовите, 95% да ти се исти, готово. Предавник. А јас мислев дека тоа е туѓ специјалитет, пишува Грчева.

solza-fb

Голем број корисници на социјалната мрежа коментираа на објавата на Грчева и јасно го осудија Јон Фрчкоски.

– Еве зошто по ниедна цена да не им се даде власт. Мизерија;

– Трагично, од мали нозе заедоено со омраза;

– Значи не ми се верува зло со зло дно под дно, беа дел од коментарите на Фејсбук.

Со коментар и осуда се јави и професорката Билјана Ванковска.

– Каков татко ( со простачки јазик ) таков син. Не знаев дека е веќе на државни/партиски јасли. Ова е веројатно иднината на СДСМ, пишува Ванковска.

vankovska-komentar

biljana-grceva

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.