Оставка од Абрашоски бара носителот на листа Трајкоски, тврди ова е еколошка катастрофа (ФОТО/ВИДЕО)

ОСТАВКА ВЕДНАШ! Го повикувам директорот на ЈКП Комуналец, Абрашоски, ВЕДНАШ ДЕНЕС да си поднесе оставка – напиша на ФБ носителот на независна советничка листа, Никола Трајкоски, кој објави видео и фотографии од депонија во населбата “Сточен пазар”, за која вели дека претставува еколошка катастрофа, а некој дозволил толку многу отпад да се создаде на 30 метри од станбените куќи во оваа населба.

-На само 2км. од центарот на градот и на само 30 метри од куќите во населбата “Сточен пазар” лежат повеќе од 5.000 тони мешан отпад. Ова е еколошка катастрофа, за која бараме објаснување и одговорност, не само од Абрашоски, туку и од сите кои го прикриваат ова со години – пишува во објавата  Трајкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.