Колумбискиот репрезентативец и голман на Арсенал, Давид Оспина, се договорил со Наполи. Претседателот на италијанскиот клуб, Аурелио Де Лаурентис, денеска го потврди доаѓањето на Колумбиецот.
Според она што го пишува “Скај Спорт Италија”, Оспина вечерва ќе пристигне во Наполи, а веќе утре ќе ги помине и лекарските прегледи.
“Вистина е, Оспина е на прагот”, изјави претседателот на Наполи во разговор за “Радио Кис Кис Наполи”.
Оспина е во Арсенал од 2014 година кога дојде од францускиот клуб Ница преку трансфер вреден 4 милиони евра. Минатата сезона беше резерва за Петр Чех, а со доаѓањето на Бернд Лен од Баерн, стана трета опција на Емирати.
?♂️ David Ospina, GK, 29-years old.
➡️ From Arsenal
? Arrives in Italy tonight
? Medical tomorrow
? Loan with an option to buy
? @D_Ospina1 #Mercato pic.twitter.com/EHfbHiB6Yr— Everything Napoli (@NaplesAndNapoli) August 15, 2018