Основачот на „Али Баба“ беше во Скопје, милијардерот подготвува крупна зделка?!

Џек Ма, кинескиот милијардер и основач на компанијата „Али Баба“ изминатиот викенд покрај посетата на Белград и Сараево го посетил и Скопје.

Човекот кој од нула создаде бизнис-империја, а неколку пати бил одбиван да се запише на факултет викендот бил на Балканот а не го изминал и Скопје.

Тој во придружба со повеќе луѓе бил на ручек во скопскиот ланч бар СОУЛ КИЧЕН, на Градскиот кеј. Видно расположен уживал во македонската храна и пијалок, брифираат очевидци на настанот.

Засега не е позната причината за неговото присуство во главниот град, но регионалните медиуми веќе четири дена пишуваат за неговата посета на Балканот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.