Османи: Тешко е да се зборува за избори, а на инфeктивна секоја вечер пaциeнти завpшвaaт на pecпиpaтopи

Бујар Османи од ДУИ во емисијата “Клик Плус” на “ТВ 21” истакна дека на нив како партија тешко им паѓа кога во ситуација каде секоја ноќ на инфективна клиника се примаат пациенти кои завршуваат на респиратори, да се збори за одржување на избори, иако се свесни дека на државата и е потреба влада со политички мандат.

„Јас се согласувам дека на државата или на владата и треба политички мандат, но ако сте приметиле, ние од моментот прогласивме мораториум на изборната кампања некаде во месец март, ние од тогаш во ниту еден момент ги немаме спомнато изборите.

И сега во оваа ситуација, ние не само што не бевме иницијатори туку и не ни пробуваме премногу да ги коментираме, бидејќи навистина тешко ни паѓа да зборуваме за избори кога сеуште на инфективна клиника се примаат пациенти кои завршуваат на респиратори”, истакна Османи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.