Осветена црквата Св. Петка: Прилепско Ново Лагово доби нов храм (ФОТО)

Во прилепското село Ново Лагово денеска беше осветена црквата Св. Петка.

Со чинот на осветувањето на црквата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.

Инаку, темелите на црквата во ова населено место беа поставени и осветени во 2001 година од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.

Синоќа пак, во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светата Великомаченичка Ирина и споменот на Светите Мартин и Ираклиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.