Оригинално! Општина Кавадарци на несекојдневен начин се справува со жештината и ги заштитува сообраќајниците

Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури.

Во текот на вчерашниот ден Јавното претпријатие „Комуналец“ и надлежните од општината за прв пат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на две кавадаречки сообраќајници. Сол беше расфрлана на обиколницата „Северен булевар“ како и на новиот дел од „Западен булевар“.

Овој метод се покажал како ефикасен за разладување и намалување на температурата на врелиот асфалт.

Технологијата се базира на принципот според кој солта ја одзема влагата од воздухот и ја привлекува кон асфалтираните површини, а со тоа се разладуваат патиштата и се спречува пукање на асфалтот и создавање нерамнини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.