Оригинален расказ на тема “Како го поминав летниот распуст”: “Тоа не е ваша работа наставничке, не морам да полагам сметка”

Школската година започна за сите ученици во Македонија и регионот, а расказите на тема “Како го поминав летниот распуст” е редовна тема за првиот школски час, особено за оние помалите.

Додека дечињата се мачат да сврзат реченици со ритам и рима и да го опишат својот летен распуст, ова момче од Србија тоа го објасни на поинаков начин.

“Како го поминав распустот – никого не треба да го интересира! Ова е моја лична работа, како што е и летото – мое лично време за одмор, и не морам за тоа да полагам сметка во овој состав.

Треба да се почитуваат човековите права! Ако добијам единица за овој состав, тогаш, драга моја наставничке, ќе се видеме на Суд за човекови права во Стразбур.

Ќе добиете покана од нив, а јас ќе бидам веќе таму во врска со друга работа. Која? И тоа е моја лична работа и никого не треба да го интересира”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.