Ораторска вечер „Стереотипите кај младите“: Трет пат прилепските гимназијалци се докажаа како врвни оратори

oratorska-vecer-2016

Ораторството е вештина со која говорникот јавно ги искажува своите размислувања и ставови на одредена тема или по некое прашање, со цел да остави добар впечаток кај слушателите и да ги убеди во она што сака да го каже.

Традиционално и оваа година учениците од гимназијата “Мирче Ацев” пред јавноста ги покажаа своите ораторски вештини. Вчера (04.11), во просториите на градската библиотека „Борка Талески“, пред полна сала публика, десет ученици низ своите говори им ги пренесоа на присутните своите ставови на тема „Стереотипите кај младите“
Со говори настапија: Филип Димовски, Ангела Николоска, Деспина Сиљаноска, Стефанија Стефаноска, Катерина Божиноска, Елена ’Ртоска, Христина Трајкоска, Анастасија Насевска, Веселинка Илиовска и Стефани Мирческа.
Меѓу учениците, родителите, наставниците и останатите гости, во публиката беше и градоначалникот Марјан Ристески кој е редовен посетител на сите досега одржани ораторски вечери во организација на училиштето.

6

5

Комисијата која по утврдени критериуми ги вреднуваше настапите на ораторите ја сочинуваа професорите Рубин Матески – претседател, Емона Јованоска, Димче Настоски, Мартин Наумоски и Николче Богданоски.

По настапот на ораторите, следуваше кратка музичка пауза на која комисијата ги сумираше резултатите.
За најуспешни оратори комисијата едногласно ги прогласи:

  • Деспина Сиљаноска – прво место
  • Филип Димовски – второ место
  • Стефани Мирческа – трето место

3

2

1

На најуспешните оратори, доделени им беа дипломи и книги, а на останатите учесници доделени им беа благодарници.

За успешната реализација на ораторската вечер придонес има и Младинската организација од Гимназијата со претседателот Панче Патоски.

4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.