“Општина Струмица ни докажа дека најслатко се јаде и пие кога плаќаат граѓаните. Според милионите евра потрошени за репрезентации, односно по кафани, ресторани и хотели, општина Струмица е рекордер, а не заостануваат многу ниту Струга, Прилеп, Битола и Ѓорче Петров.
Жалната вистина дека додека лицата на власта се развозуваат со скапоцените автомобили – народот оди со искинати чвли, додека тие јадат со златни лажици – народот е со празен стомак, нималку не влијаела на апетитот на општина Струмица, па така таа за три години изела и испила повеќе од 230.000 евра.
2.2 милиони евра е сметката која народот ќе мора да ја плати за гозбите по угостителските објекти и фирми кои ги направиле општините.
Со оглед на тоа пак, дека се наоѓаме во предизборен период, логички е да очекуваме да се интензивираат јавните заложби за домаќинско раководење со општинските буџети.
Со тактиката дај му леб на народот еден месец, па пушти го да гладува до некоја наредна изборна година и некоја нова предизборна кампања, каишите си ги олабавиле за најмалку три копчиња.
Само тие нека ни бидат здрави, сити и весели! Сепак, ја работат најодговорната работа – ни ја кројат судбината…а ние? Ние сме на тригодишна диета до 12ти април”, напишаа на Фејсбук од републичката Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.