На 58-та седница на Советот на Општина Прилеп, која ќе се одржи на ден 25.03.2025 година (вторник), прва точка на дневниот ред е донесување на Одлука за доделување на хуманитарна помош за повредените и настраданите во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, во Општина Кочани.
По примерот на повеќе други општини, и општина Прилеп се солидаризира со семејствата на настраданите и повредените од кочанската трагедија, па се очекува одлуката едногласно да биде поддржана од сите советници.
Покрај тоа, советниците на оваа седница ќе гласаат и по 25 други точки:
2. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за 2025 година.
3. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот-Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност-Прилеп, за 2024 година.
4. Предлог-Одлука за утврдување на приоритетен проект финансиран преку Европска Инвестициона Банка во рамки на Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија.
5. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант.
6. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Прилеп.
7. Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за одредување на јавните паркиралишта на кои ќе се врши наплата на паркирање.
8. Предлог-Одлука за прифаќање на донација во ствари од страна на Комфи-Ангел ДОО Прилеп.
9. Предлог-Одлука давање согласност на Годишен план за измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година, на ЈКП “Пазари”-Прилеп.
10. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈКП “Пазари” -Прилеп, за 2025 година.
11. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните (јавни) службеници за 2025 година во ЈОУДГ ,,Наша иднина’’ Прилеп.
12. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за расходовање на нефункционална оштетена и дотраена електронска опрема, на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”- Прилеп.
13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуките за отпис-расход на расипаните, дотраени и неупотребливи основни средства, на ООУ “Добре Јованоски”- Прилеп.
14. Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани- Прилеп.
15. Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на ООУ “Страшо Пинџур” с.Мало Коњари- Прилеп.
16. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ “Страшо Пинџур” с.Мало Коњари- Прилеп, за III (трето), VI (шесто) и IX (деветто) одделение.
17. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани- Прилеп, за III (трето), VI (шесто) и IX (деветто) одделение.
18. Предлог-Правилник за измена и дополнување на Правилникот за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп.
19. Предлог-Решение за именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески”-Прилеп.
20. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.
21. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ “Коцо Рацин”-Прилеп.
22. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на OОУ,,Добре Јованоски’’-Прилеп.
23. Предлог-Одлука за донесување на детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.10, фаза нацрт план, плански период 2021 – 2026 год., Општина Прилеп.
24. Предлог-Одлука за донесување на детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.14 и 2.15, фаза нацрт план, плански период 2024 – 2029 год., Општина Прилеп.
25. Предлог-Одлука за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП бр.42 и 43 (како дел од ДУП за УАЕ бр.7) во една градежна парцела (ГП бр.1), КО Прилеп, Општина Прилеп.
26. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година.