“Општина Прилеп ја слави победата НА фашизмот?? Спремни за колективна метла!!”

Додека светот и Европа го прославуваат 9-ти Мај како “Денот на победата над фашизмот”, во Прилеп барем според пишаното на веб страната на општина Прилеп, се вели дека се празнувал “Денот на победата НА фашизмот”.

Во ред е човек да погреши или да каже некој гаф од невнимание, но да направиш ваква катастрофална грешка, особено на денот кога светот, Европа и Македонија, се сеќаваат на милиони жртви од Втората светска војна, е недозволиво!

Информацијата со таков наслов веќе неколку часа виси на веб страната од општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.