Веста за 26-годишниот Виктор Николоски од Прилеп, кому му е дијагностициран тумор на главата, го обедини Прилеп во едно. Помош пристигнува од сите страни, а во акцијата за собирање на средства за негово лекувње, се вклучуваат и општината, јавните претпријатија и училиштата во градот.
-Општина Прилеп, заедно со сите Јавни претпријатија, основни и средни училишта, веднаш ќе се вклучи во хумана акција за да помогнеме во најбрз можен рок.
Сите ние сме дел од едно семејство – семејството на Прилеп, и како заедница ќе направиме сè што можеме за да му дадеме поддршка на Виктор и неговото семејство во оваа тешка битка и заедно ќе успееме!
Ве повикувам и вас, нашите сограѓани, да се приклучите и да помогнете со донација на линкот или со споделување на апелот. Заедно можеме да направиме разлика! Господ нека е со сите нас! – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Виктор Николоски е 26-годишен млад човек од Прилеп, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.
Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.
Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.
Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.
Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!
Во продолжение ЛИНК каде може да донирате за ВИКТОР и негова трансакциска сметка: