Општина Прилеп рекордер – легализирани 8.500 дивоградби

Вчера во просториите на општина Прилеп на 60-тина семејства им беа доделени нови решенија за легализација на дивоградби со што бројот на легализирани објекти во општината се зголеми на 8.500.

legalizacija-marjan-640x421

Решенијата ги врачи градоначалникот Марјан Ристески:

-Денешниот ден на нови 60-тина семејства ќе им остане во трајно сеќавање. Денес, тие се стекнуваат со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од денес, тие правно и легално располагаат со него, посочи градоначалникот Ристески.

marjan-risteski-legalizacij

Официјалните информации говорат дека Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на Држава по легализирани објекти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.