Општина Прилеп откри откаде доаѓала непријатната миризба што ги труеше граѓаните

На ден 11.09.2023 до Општина Прилеп се доставени 2 барања едно од жители на Чачорица и едно од УЗ Сточен Пазар по што се направени увиди од страна на раководител на сектор инспекторат и двајца инспектори на потегот на ул. ,,Александар Македонски“ каде работат повеќе правни субјекти при што е забелажана појава на непријатна миризба само од кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври – информираат од општина Прилеп за случајот со непријатната миризба која подолг период ја чувствуваа голем број од граѓаните.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

Во кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври ТППЕ Прилеп по пријави за запален пожар во периодот од 26.08.-14.09.2023 г интервенирала 12 пати со 15 пп возила и 35 пожарникари.
Во текот на вчерашниот ден по забележана појава на чад извршено е гаснење на опожарената површина со вода и прашкаст материјал по што чадењето престана и немаше повеќе напријатна миризба.

Во утринските часови денес е направен повторен надзор на потегот на ул.,,Александар Македонски“ и во кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври при што не е забележана непријатна миризба и утврдено е дека повеќе нема појава на чад и непријатна миризба на местото каде што претходниот ден интервенираше ПП единица.

Во соработка со самостоен инспектор на НККР Прилеп ЕК и крим техника земени си примероци од местото на опожарената површина и истите ќе бидат дадени на анализа.

Откако ќе се добијат резултатите од овие испитувања ќе се утврди какви материи гореле и што било причината за непријатната миризба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.