Општина Прилеп објави оглас за набавка на ново противпожарно возило – За набавката предвидени се 7 милиони денари

Oпштина Прилеп објави оглас за набавка на противпожарно возило за потребите на Територијалната противпожарна единица.

За набавката се предвидени нешто над 7 милиони денари, или околу 115.000 евра.

Заинтересираните економски оператори можат да испратат понуди до 22.08.2025, а еден од условите е возилото да биде со година на производство минимум од 2021година.

Набавката на ова возило, градоначалникот на општината ја најави на 20. мај годинава – Денот на пожарникарството во Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.