Општина Прилеп им го честита 8–ми Март на припадничките на понежниот пол

_MG_9969

По повод денешниот празник, 8-ми март, меѓународниот ден на жената, градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, ги посети детските градинки каде на вработените, мајките и бабите на дечињата кои ги посетуваат овие установи им го честиташе празникот и им посака многу здравје, среќа и успешни мигови во иднина, подарувајќи им по еден каранфил. По повод денешниот ден дечињата во градинките за своите мајки подготвија и пригодна програма.

_MG_0019

_MG_0011

_MG_0029
_MG_0017

_MG_0047

_MG_0046

_MG_0037

„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Прилеп, кој редовно, секоја година не посетува и им го честита меѓународниот ден на жената празникот 8-ми март, на сите вработени во детските градинки и на мајките на децата кои се згрижени во нашата установа. Исто така ја користам приликата на сите наши сограѓанки да им го честитам овој празник“, рече Христина Трпческа, директорка на детските градинки „Наша иднина“ од Прилеп.

_MG_0148

_MG_0113

_MG_0107

_MG_0103

„Традиционално секоја година ги посетуваме градинките во Прилеп за овој ден и на родителите и вработените им го честитаме меѓународниот ден на жената. Им посакаме да имаат здравје, среќа, радост и да се дружиме и понатаму за вакви убави моменти, а најубавите моменти се секако во градинките“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_9990

_MG_9995

Градоначалникот Ристески по повод меѓународниот ден на жената ги посети и пензионерките од Прилеп и претставничките на другите пензионерски здруженија кои беа дојдени во нашиот град по повод 8-ми март.

_MG_0187

_MG_0152

_MG_0186

„Традиционално нашите жени пензионерки го слават овој голем меѓународен ден на жената, во оваа прилика им го честитам празниот, им посакувам здравје, среќа и успех, а ние и понатаму ќе продолжиме да го поддржуваме Здружението на пензионери од Прилеп во сите активности. Исто така сакам да напоменам дека ова е денот на жената и дека покрај тоа што жените се одлични професионалци во својата работа, тие се и одлични домаќинки, мајки и баби, и им посакувам и понатаму да продолжат да ја негуваат македонската традиција и култура и сите да ја чуваме нашата заедничка мајка, а тоа е Република Македонија“, додаде Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_0148

„На денешнава прослава се присутни околу 270 жени на кои ние како Здружение на пензионери од Прилеп им го честитаме меѓународниот ден на жената. Историскиот развој на празниот е поврзан со Клара Цеткин и нејзиниот сопруг кои цел живот се бореле за рамноправност на жената. Им посакувам на сите пензионерки многу здравје и одличен помин на денешната прослава“, истакна Кирил Ѓорѓиески, претседател на здружението на пензионери од Прилеп.

_MG_0166

„Денеска насекаде во светот се одбележува меѓународниот ден на жената, но да не заборавиме дека црвената роза и топлата прегратка од најблиските се најважни за нас. 8-ми март нетреба да се празнува само на овој ден, да не заборавиме дека годината има 365 дена во кои жената игра главна улога. Не за џабе нашите стари рекле – куќата без жена е како воденица без вода“, рече Снежана Димеска, претседателка на жените пензионерки од град Прилеп.

_MG_0168

Градоначалниот на Прилеп, Марјан Ристески, по повод меѓународниот ден на жената денеска посети и голем број на други припаднички на понежниот пол честитајќи им го денешниот ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.