Општина Прилеп за дојавите за поставени бомби во 5 основни училишта: Повикуваме на смиреност и почитување на прописите

Соопштение од општина Прилеп:

-Попледнево дојави за бомби имаше во 5 основни училишта во Општина Прилеп и тоа: ООУ ,,Кире Гаврилоски – Јане”, ООУ ,,Добре Јованоски”, ООУ ,,Блаже Конески”, ООУ ,,Гоце Делчев” и ООУ ,,Страшо Пинџур”.

Веднаш по добиените информации за поставени бомби во овие основни училишта, сите вклучени фактори, учениците, наставниот кадар и другите вработени во училиштата брзо реагираа и беа преземени сите потребни мерки за безбедна евакуација на учениците и на сите присутни во училиштата.

Исто така беше известена полицијата, ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Согласно претходно остварените координации и вежби, за среќа се помина во најдобар ред и без никакви несакани последици.

Безбедноста на нашите сограѓани е на прво место, остануваме во контакт и во координација со сите надлежни институции се до целосно расчистување за веродостојноста на дојавите.

Повикуваме на смиреност и почитување на пропишаните прописи – стои во соопштението од Општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.