Општина Прилеп доби пари за набавка на мини багер и трактор за приколка – ќе се користат за пошумување на Маркови Кули и одржување на зелените површини

Со задоволство ја информирам јавноста дека Општина Прилеп обезбеди средства за реализација на два нови проекти, одобрени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Првиот проект „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“ доби финансиска поддршка во износ од 2.500.000 денари преку Повикот за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој. Со овие средства ќе се набави нов мини багер, кој значително ќе придонесе кон поефикасно и континуирано одржување на јавните зелени површини низ градот.

Вториот проект „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули заради воспоставување стабилност на еколошките процеси и биолошката предeлска разновидност“ е поддржан со 2.000.000 денари преку Повикот за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Проектот предвидува набавка на трактор со приколка и дополнителна опрема неопходна за успешно пошумување и заштита на овој важен природен локалитет.
Договорите за двата проекта се веќе потпишани, и веднаш пристапуваме кон нивна реализација. По набавката, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со кое што заедно ќе ги спроведуваме на активностите на терен.

-Ова е уште еден доказ дека Општина Прилеп работи посветено и стратешки за подобрување на квалитетот на живот, заштита на природата и создавање почиста и позелена животна средина за сите граѓани – стои во објавата на Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.