Денеска се навршуваат 61 година од смртта на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.
Делегација предводена од претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Петар Ристески, и претставници на Македонското патриотско здружение “Пере Тошев”, положија свежо цвеќе на вечниот паметник за Ченто во центарот на Прилеп.
На настанот не биле присутни претставници на општинските власти, иако споменикот на Методија Андонов-Ченто се наоѓа веднаш пред општинската зграда.