Општина Битола, доби владина поддршка од 230 милиони денари за 16 проекти аплицирани на јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти.
За подобрување на инфраструктурата во урбаниот и руралниот дел на општината, како и за изградба и реконструкција на објекти од високоградба, локалната самоупрва обезбеди и буџетски средства со што бројот на проекти за реализација ќе биде зголемен, информираа од Општина Битола.
Средствата ќе бидат искористени за реконструкција на улично осветлување, коловози низ градот и населените места Буково, Троново, Магарево, Поешево и Логовоарди, реконструкција на водоводни линии, но и изградба на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Стив Наумов“, како и паркинзи кај местата викани „Овчи Пзар“ и „Ат Пазар“.
Со владина поддршка и средства од општинскиот буџет ќе биде санирана јужната трибина од фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ и изградба на десет нови спортски игралишта налик на игралиштето во основното училиште „Елпида Кааманди“ во Битола.