Со поставување на времен режим на сообраќај и работни активности на улицата „11 Март“, Општина Битола започна со реализација на проектот за реконструкција на четири улици кај Здравствениот дом.
Со овај проект се опфаќа целосна реконструкција на улиците: „Панде Николов“, „11-ти Март“, „Козара“, кракот од ул. „Козара’ и ул. „Чеде Филиповски“ кои што се наоѓаат во централното градското подрачје опфатено со деталниот урбанистички план – „ДУП Централно градско подрачје 1 дел”.
Реконструкцијата на водоводна мрежа со вкупна должина од 1.060,0 м и реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа со вкупна должина од 1.049,0 м, го финанисра Министерството за транспорт, а изведувач на работите е АД Енергомонт Скопје. Вредноста на договорот за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа изнесува 9.057.122,00 ден, додека надзор над реконструкцијата на водоводната мрежа и мешовитата канализациона мрежа, ќе врши Евро Консалтинг Скопје.
Реконструкцијата на постоечката коловозна конструкција и тротоарите со вкупна должина од 735,0 м и реконструкцијата на уличното осветлување ќе се финансираат од општинскиот буџет. Општина Битола за реконструкција на коловозот на улиците: “11 Март, Панде Николов, Козара и Чеде Филиповски Даме“ склучи договор за изведба во вредност од 13.149.817,00 ден, додека за реконструкција на уличното осветлување склучен е договор во износ од 1.586.392,00 денари.