Прилепската општа болница “Борка Талески” забрзано се реновира и се облекува во ново руво. Додека траат внатрешните уредувања, се набавуваат и нови апарати, со цел да се подобри здравствената заштита за граѓаните.
Денеска од болницата информираат дека е инсталиран новиот современ ехо апарат во одделението за радиодијагностика.
Претходно министерот за здравство Никола Тодоров најави дека до септември целосно внатрешно ќе биде реновирана Прилепската градска болница.
До сега реновирано е детското одделение и машкиот дел на интерното одделение.
Истовремено менаџерскиот тим работи на доекипирање на кадарот, при што со финансиска помош од Министерството, шест прилепски лекари беа испратени на специјализација.
A.Г.