Опструкциите го прават посилен! Бозоски не се откажува од трката за градоначалник

И додека јавноста во Прилеп се’ уште чека да ги слушне кандидатите за градоначалници од двете најголеми партии, само еден човек досега јавно ги истакна амбициите да ја преземе градоначалничката функција.

Иако во ВМРО-ДПМНЕ се лиферува со неколку имиња, досега само актуелниот заменик градоначалник и советник во Советот на општина Прилеп, Диме Бозоски, јавно истакна дека би сакал да ја бара поддршката на граѓаните како кандидат на владеачката партија.

-Себе си се гледам како сериозна опција за градоначалник кој ќе донесе промени и развој на својот град. Со долгогодишно искуство во економијата, бизнисот и локалното управување, најавувам дека сум подготвен да одговорам на предизвиците и да понудам конкретни решенија за најдобар Прилеп, истакна неодамна Бозоски во интервју за весникот “ЗЕНИТ”.

Бозоски е активен член на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 година. Од 2010 до 2012 година бил претседател на партиската комисија за економија, во 2021 година станува дел од Советот на општина Прилеп, а од 2024година ја извршува функцијата Заменик градоначалник на општината.

Важи за голем хуманист, или како што го нарекуваат бизнисмен од народот. Во изминатите 4 години од советничкиот мандат, Бозоски своите месечни хонорари ги донираше за социјални загрозени семејства, семејства кои ги снајде трагедија, разни организации….

Според неофицијални внатрепартиски информации, неговото име фигурира на партиската анкета, и покрај неодамнешните опструкции од разно-разни центри, тој ужива поддршка од голем број граѓани.

Верува дека со својот интегритет, интелектуален бекраунд и познавање на приликите на бизнис заедницата, ќе може значително да придонесе во придвижување на Прилеп во вистинската насока.

Дали токму Бозоски ќе биде кандидат на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, останува да видиме во периодот кој следи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.