Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ТВ Алсат М, посочи дека ова што во моментот се случува во Република Македонија ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава, додавајќи дека е потребно формирање на техничка влада од 100 дена и распишување на предвремени парламентарни избори.
-Ова што денеска се случува навистина ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава. Јас го разбирам тој дел и затоа велам се уште додека повикуваме на мирен начин е потребно да се организираат предвремени парламентарни избори, додаде Мицкоски.
Тој нагласи дека не ја исклучува можноста за протести од страна на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека тој поддржува секогаш мирни пpoтести каде што граѓаните на мирен и достоинствен начин ќе морат да го искажат peволтот за kaтастрофалните политики на владата на Заев и неговите соработници.
-Таман работа. Апсолутно секогаш мирни пpoтести, секогаш организирање на мирни пpoтести за опција за било која опозиција вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Република Македонија без разлика дали таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или останатите опозициони партии. Зошто тоа да не бидат и опозиционите партии од албанскиот блок, изјави Мицкоски.