Тие велат дека освен тоа, им пружат рака на претставниците на малцинските народи со желба заеднички да градат поубава и попросперитетна иднина за Црна Гора.
Денеска е одржан состанок на лидерите на коалицииите: “За иднината на Црна Гора”, “Мирот е наша нација” и “Црно на бело”, Здравко Кривокапиќ, Алексе Бечиќ и Дритан Абазовиќ, кои ќе ја конституираат идната влада на Црна Гора, пишува “Вијести”
Kaко што соопштија тројцата лидери, тие за брзо време ги усогласиле неколкуте принципи на кои ќе се основа идната власт.
“Првиот принцип кој е усогласен е дека новата, демократска власт, одговорно ќе ги спроведува сите меѓународни обврски. Второ, новата демократска власт ќе ги реализира сите неопходни реформи за Црна Гора во најкраток можен рок да пристапи кон Европската Унија. Трето, новата власт ќе биде експертска, конституирана од кадри кои се стручни во конкратните области без оглед на нивната политичка, верска, национална, или било која друга карактеристика. Четврто, новата власт во потполност ќе биде посветена на почитување на Уставот и законите, со измени, дополнувања и ревизија на сите дискриминаторски законски и подзаконски акти, вклучувајќи го и Законот за слобода на вероисповест”, се вели во соопштението кои го пренесуваат од “Vijesti.me”.