Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на денешната прес-конференција одговори на прашања од повеќе теми, а посочи и дека биле предложени и два датуми за предвремени избори.
Имено, за предвремените избори Мицкоски рече дека ги очекуваат час поскоро и дека понудиле два датуми, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го предвид празникот Рамазан.
Тој додаде дека паралелно се одвиваат и средби меѓу работните групи за пописот и за измените во Изборниот законик.