Опожарено возило во Битола

-На 20.08.2024 во 00.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола настанал пожар во паркирано патничко возило „форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Б.(41) од Битола.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.

Извршен бил увид – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.